iOS 7 со ограничена надградба кај постарите уреди

iOS 7 беше официјално претставен во понеделник во САД, и претставува најголема надградба на оперативниот систем по цели шест години. Најавени се нови опции и подобрувања на старите како филтри за камерата, облакот за споделување AirDrop, како и надградба на Siri и новото iTunes Radio.

За жал, не сите уреди на Apple ќе ја добијат последната и најголема промена на Apple, и многу од постарите iУреди кои ќе ги добијат новите опции ќе бидат само со одредени новитети надградени.

iOS7-leak-01-580-90(1)

За да ви помогнеме да дознаете што ќе добие, а што не вашиот iPhone, iPad или iPod можете да ја погледнете табелата која следува за добар преглед:

Untitled(3)

Како што може да се види, iPad 2 има најмалку поддржани нови карактеристики, ќе го добие само iTunes Radio, додека iPhone 4 од новата надградба на оперативниот систем iOS 7 ќе ги добие плус квадратните слики и филтри. Очигледно дека сопствениците на iPhone 4S ќе мора да работат без Airdrop и филтрите за камера, и ниту еден iPad нема да го подржува модот за правење панорамски слики.

iOS7-Video-01-580-90

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -