Great Wall со 20 нови модели до 2015

Еден од водечките кинески производители, Great Wall, планира сериозна модернизација на својата гама. Азијците си поставиле за цел до 2015 година да пуштат на пазарот уште 20 нови модели, вклучувајќи го и првиот електричен автомобил.

Офанзивата започнува веќе во наредните месеци, кога на пазарот ќе се појават седанот C70, кросоверот со средни димензии Haval H7 и компактниот SUV Hover H2. Првата од овие новини, претставена на саемот во Шангај минатата пролет, е конкурент на возилата како Nissan Teana.

Моделот C70 ќе се нуди со избор од два бензински мотори од 1,5 и 2,0 литри и две трансмисии, 5-брзинска мануелна или 6-степена автоматска. Вториот мотор, 2,0 литарскиот турбо, ќе се вградува и во Haval H7, кој го видовме на салонот во Пекинг пред еден месец. Во Haval H2 ќе се вградува бензински 1,5 литарски мотор, кој ќе биде комбинација со 5-брзински мануелен менувач или со безстепена вариаторна трансмисија.

Прочитајте и:  Кина по зеленото светло за Украина за напади во Русија: Најитно е да се поттикне деескалација што е можно побрзо

Покрај овие три модели, Great Wall наскоро ќе го лансира и Haval M4, кој е наменет само за пазарот во Кина. Кај него моторот е истиот 1,5 литарски бензинец со моќност 106 КС и 138 Nm. Подоцна ќе се појави и верзија со 1,3 литарски агрегат со моќ од 92 КС. За идната година во план е компакт возило и уште еден кросовер, а веќе темелно се работи и на првиот електромобил.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -