„Global Firepower“: САД прва воена сила во светот, Русија втора, Македонија на 135 место

Според годишниот извештај на „Global Firepower“ во кој се оценува воената моќ на секоја земја, први на листата се САД, по што следуваат Русија, Кина и Индија. Во топ десетте најсилни армии уште се и Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија, Пакистан и Бразил.

Годишниот извештај ги оценува воените капацитети на државите, и тоа од разновидноста на оружјето и расположливата човечка сила, до географската локација и финансиската моќ, со цел да се утврди кои нации доминираат во светот според воената моќ. Во анализата се проценуваат повеќе од 50 фактори.

Во регионот најголема воена сила е Србија, рангирана на 61 место во светски рамки. Веднаш зад Србија е Хрватска која е на 62-ро место. Црна Гора е на 132 место, Албанија 115, Македонија на 135, Косово на 140-то место од 142 земји земени предвид. Последни на листата се Исланд и Бутан.

Прочитајте и:  Русија предупредува на „катастрофални последици“ по одлуката на Бајден да дозволи напади со ракети длабоко на руска територија

МИА

- Реклама -