Нови животни во ЗОО Скопје

По повод големиот јубилеј 100 години Скопје ЗОО, радосни вести пристигнуваат од скопската зоолошка градина.

5
Нови животни во ЗОО Скопје
Фото: Нетпрес

ЗОО семејството стана побогато за нови, интересни жители.

„Во Скопје ЗОО пристигнаа патагониски мари, нанду птици, кокошести гуски, бели пауни и лебеди. Новите жители моментално се наоѓаат во задолжителен карантин, каде што добиваат соодветна грижа и ветеринарен надзор, со цел безбедно да се приспособат на новата средина. Наскоро ќе имате можност да ги запознаете и да уживате во нивната убавина“, велат од ЗОО Скопје.

Од ЗОО Скопје додаваат дека продолжуваат да го збогатуваат животинскиот свет со многу љубов и посветеност кон животните!