Физичка тастатура за touchscreen

Во еден момент прелистувате веб страни лизгајќи го вашиот прст по мазната површина. Но морате да напишете една порака и на ваша наредба, речиси како магија, се појавува 3D, физичка тастатура.

Ваква тастатура би ви овозможи да пишувате без тешкотии, и ако некој ден вакво нешто би станало реалност тогаш сè би било благодарение на технологијата на која Tactus работи во моментов. Tactus touchscreen прототипот користи микрофлуидика за да го оствари овој подвиг.

Под надворешната површина на екранот, која изгледа како пластична мембрана, има канали низ кое може да тече специјално масло. Ова масло ги пополнува специјалните резервоари резервирани за копчињата на тастатурата. Кога мембраната е мазна каналите се речиси незабележителни но сепак сè уште се работи само за прототип (на концепт кој сè уште е во развој).

Сега за сега единствената тастатура која може да биде создадена на еден екран е QWERTY тастатура во хоризонтална ориентација. Идејата зад овој концепт е еден ден секој екран да може да создаде различни копчиња во сите ориентации но компанијата во моментов сè уште се фокусира на основните концепти зад оваа идеја.

Од компанијата се надеваат дека ќе можат да создадат компчиња кои ќе бидат чувствителни на притисок. Ветува и фактот дека во текот на просечен ден овој додаток би користел само 2-3 проценти од батеријата со што неговата интеграција би била реалистична. [This physical keyboard magically appears and disappears on top of touchscreens]

- Реклама -