ЕУ со остра осуда и најава за санкции откако Путин потпиша признавање на сепаратистичките региони во Украина

Брисел, 21 февруари 2022 (МИА) – Европската унија најави санкции за инволвираните, откако рускиот претседател Владимир Путин го потпиша указот за признавање независност на т.н. Доњецка и Луганска народна република.

Претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел, и претседателката на Европската комисија – Урсула Фон дер Лајен, најостро ја осудуваат одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да продолжи со признавањето на областите Доњецк и Луганск, кои не се контролирани од властите во Украина, како независни ентитети.

„Овој чекор е очигледно кршење на меѓународното право, како и на договорите од Минск“, се истакнува во заедничкото соопштение од Мишел и Фон дер Лајен.

„Унијата ќе реагира со санкции против инволвираните во овој незаконски чин“, најавија ЕУ дипломатите.

Прочитајте и:  Министри на ЕУ членки: Путин продава лаги за руската економија, која со „советизацијата“ оди кон пропаст

Унијата ја повторува својата непоколеблива поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

- Реклама -