Десктоп компјутер во мала коцка

Некои луѓе предвидуваат пад на производството на десктоп компјутери, главно поради сеприсутноста на лаптоп компјутери и мобилна технологија.

Традиционалните десктоп компјутери можат да бидат тешки и гласни, особено кога ќе ги споредите со доста модифицираните модели на Xi3 Corporation. Xi3 вели дека нивната намера е дизајн на универзален, енергетски ефикасен и евтин модуларен компјутер.

„Овој концепт на вградена застареност е вистински проблем“ рекол Дејвид Политис во Kickstarter видеото за овој проект. „Вака се полнат нашите депонии и се користат големи количини од нашите природни ресурси, и на крајот сè е поскапо.“

Xi3 тимот решил дека е време за создавање на „помоќен компјутер“. Првиот X5A модел има Dual-Core 64-bit, x84 процесор кој работи со 1.85GHz и 2GB RAM – сево ова во куќиште со големина на грејпфрут. Компјутерот е сместен во помалку од 5 проценти од материјалите кои се користат за традиционален десктоп компјутер.

Xi3 сега бара подршка на Kickstarter да лансира нов воведен модел (X3A) и напредниот модел со високи перформанси (X7A) кој ќе има Quad-Core 64-bit, x86 процесор и ќе биде наменет за гејмери и други корисници на кои ќе им биде потребна поголема моќ. Новиот Xi3 модуларен компјутер би требало да биде достапен за Kickstarter подржувачите во 2013 година.

Трите модели ќе имаат цена помеѓу 500 и 1000 долари. Овие машини би требало да траат помеѓу шест и десет години. До сега проектот има собрано околу 16.000 долари од нивната прва цел (250.000) со уште 26 дена до крајот.

- Реклама -