Дебелите луѓе живеат подолго

ДебелиПоимот „идеална тежина“ можеби и не е толку точен колку што се мислеше. Неколку студии покажаа дека луѓето со малку зголемена телесна тежина се поздрави и живеат подолго. Еве зошто.

Поимот „идеална тежина“ можеби и не е толку точен колку што се мислеше. Неколку студии покажаа дека луѓето со малку зголемена телесна тежина се поздрави и живеат подолго. Еве зошто.

ДебелиПрво, да разграничиме дека овде не станува збор за претерана дебелина. Таа и натаму е огромен здравствен ризик, со оглед на тоа што води до дијабетес, кардиоваскуларни заболувања и којзнае што уште не. Овде станува збор за сите што имаат по некој килограм над „идеалната телесна тежина“.

Во една студија, канадските истражувачи следеле илјадници луѓе во период од 12 години, за да видат чиј живот прв ќе заврши. Сосема очекувано, први умреле луѓето со преголема телесна тежина, но веднаш по нив следувале оние за кои се мислело дека имаат идеална телесна тежина. Тие што имале по некој килограм повеќе, живееле најдолго.

Прочитајте и:  Дали семето од афион е безбедно за бремени жени?

Најверојатно, причината за ова е што дебелите луѓе имаат резерви на масти што нивните тела ги користат кога се болни и при зголемен стрес. Слабите луѓе немаат такви резерви, што значи и еден одбранбен механизам помалку.

Дополнително, една англиска студија откри дека масните наслаги на задникот и бутовите му помагаат на телото во создавање корисни хормони со кои се спречува појавата на дијабетес и срцеви заболувања. Една од можните причини за ова е фактот што токсичните киселини се напластуваат во масното ткиво, што е далеку подобро од нивно напластување во црниот дроб или срцето.

Можеби токму затоа, пред мас-медиумите да почнат да ни ги контролираат животните погледи, мажите и жените со „малку месо на коските“ се сметале за најпривлечни партнери.

- Реклама -