Ковачки му честиташе на Јахији за победата на изборите во Брвеница
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки вечерва во Брвеница му честиташе на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Општината Аркин Јахији и посочи дека разликата со нивниот кадидат Стојанчо Радичевски е околу 200 гласа.
Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ
Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во гостување во централниот дневник на Сител телевизија, во живо од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ, туку во вториот круг од локалните избори застанала зад…
Излезноста во Брвеница до 9 часот е 3,98 отсто: Гласале 646 граѓани
Излезноста во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 9 часот изнесува 3,98 отсто. Правото на глас дотогаш го оствариле 646 граѓани, информираше портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Тодоровска-Алексовска.
Втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница
Во десет населени места во Општина Брвеница денеска се одржува втор круг од изборите за градоначалник. Првиот круг од изборите се одржа на 18 октомври, но ниту еден од шестмината кандидати не го доби потребното мнозинство. Право на глас на 18 октомври имаа 16.256 граѓани, а излезноста изнесуваше…
Промовиран проектот за традиционалните носии на малцинствата во Корча од Васил Стерјовски
За време на настанот беа претставени четири традиционални носии, изработени за македонската, ромската, влашката и египќанската заедница, како и информативната брошура „Етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во Округот Корча“, подготвена од Васил Стерјовски.…
Николоски: Најголем проект за Кичево е автопатот кон Охрид
Денеска остварив работна посета на општина Кичево и извршивме увид во реконструкција на улица Рудничка – напиша на својот ФБ профил, Александар Николоски, вицепремир и министер за транспорт.
Над 6 милиони евра директна помош за Кичево за инфраструктурен развој на општината
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка.
Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум лица во КЗУ за изборите за градоначалник во Брвеница
Вкупно 104 болни и немоќни лица и осум лица кои се наоѓаат во казнено-поправните установи го оствариле своето право на глас во пресрет на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.
107 болни и немоќни и деветмина затвореници ќе гласаат на вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница
Вкупно 107 болни или немоќни лица и 9 лица кои се на издржување казна затвор можат да гласаат на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница што започна денеска во 7:00 часот, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).
Нова градинка во Козле за 146 деца, „Пролет 2“ ќе се простира на 2.700 квадратни метри
Во населбата Козле интензивно се гради новата детска градинка „Пролет 2“, која ќе има капацитет за згрижување на 146 деца и ќе биде изградена според современи стандарди.















