Мајката на шест деца, Лизи Крафорд, била поттикната да почне да го отстранува вишокот килограми по коментар на едно непознато дете во автобус.
„Ги носев своите деца во училиште и бевме во автобусот која едно дете ме погледна и ја праша својата мајка дали имам бебе во стомакот“, се сеќава Лизи.
Тоа се случило пред повеќе од четири години, во време кога Лизи имала нешто помалку од 130 килограми.
„Тоа ужасно ме погоди. Во тоа време јадев исклучиво хамбургери, пици и ќебапи, и пиев многу алкохол и тоа во главно коктели или жестоки пијалоци“, се потсетува Лизи.
Таа го променила начинот на исхрана и започнала да вежба, но нејзиното здравје било сериозно загрозено во октомври 2012 година, кога ѝ бил дијагностициран рак на грлото на матката. По хистеректомијата и третманот на лекување на ракот, Лизи се вратила на старите навики и престанала да прави било какви вежби, бидејќи ѝ бил потребен одмор.
По два месеци, започнала да посетува фитнес центар каде открила програм за вежбање за здраво губење на тежината. Вели дека набрзо станала зависна од тоа, па наместо два пати, почнала да оди пет пати неделно на вежбање.
Со правилна исхрана и вежбање, Лизи сега тежи околу 80 килограми, а целта ѝ е да има 60 килограми. Истакнува дека сега е многу поподвижна и активна кога се во прашање активностите со децата, а скалите повеќе не ѝ се проблем. Освен тоа, повеќе нема ни психолошки проблеми, бидејќи била депресивна кога имала прекумерна тежина.