Бајден: Путин направи голема грешка со суспендирањето на нуклеарниот договор

Владимир Путин „направи голема грешка“ со суспендирањето на последниот преостанат договор за нуклеарно оружје со САД, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден во својот говор пред „Букурешткиот формат-Б9“.

Во својот прв коментар по најавата на Путин, Бајден ја осуди одлуката на Русија да се повлече од договорот.

Американскиот претседател кажа дека лидерите на „Б9“ се „првата линија на колективната одбрана на НАТО“, како и „на слободата на демократиите во Европа и во светот“. Тој додаде дека САД постојано го засилувале обезбедувањето на критична безбедносна помош за Украина и критична поддршка за „буквално милиони бегалци“.

„Заедно, ќе ја продолжиме нашата постојана поддршка за Украина додека таа ја бранеше својата слобода во текот на изминатата година, со вашите земји на оваа маса, обезбедувајќи колективно лидерство“, рече Бајден, додавајќи дека е „апсолутно јасно“ дека САД ќе го бранат „буквално секој сантиметар од НАТО“.

Прочитајте и:  Путин: Русија истрела балистичка ракета со среден дострел кон Украина

МИА

- Реклама -