Наскоро Apple iMove?

Не е тајна дека еден од соништата на Стив Џобс бил да создаде возило. Се чини дека сонот може набрзо да стане јаве. Информациите велат дека постои концепт автомобил наречен Apple iMove.

Основачот на Apple, Стив Џобс, почина во октомври 2011 година, но неговите идеи и соништа може да бидат допрва реализирани. Главниот извршен директор на компанијата, Мики Дрекслер, откри за време на симпозиум за иновации во Њујорк дека еден од соништата на Џобс бил да создаде iCar.

Тој и имал своја визија за автомобилот, но како и многу други работи, останува да бидат реализирани по неговата прерана смрт. Дали компанијата ќе успее да се справи успешно во оваа сосема поинаква и покомплексна индустрија, за сега можеме само да претпоставуваме.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -