Ахмети: Заев едно зборува после две-три чаши ракија на митинг, друго зборува пред мене на состанок

Изјавите дека ДУИ ќе оди во опозиција Зоран Заев ги дава по испиени две-три чашки ракија, а после се кае, реча лидерот на интегративците – Али Ахмети, во интервју за „Сири ТВ“, прашан зошто во последно време „ДУИ е мета на постојани напади“ од страна на експремиерот Заев.

Ваквата забелешка на Ахмети доаѓа откако минатата недела самиот Заев, правдајќи се за изјавата во „бомбата“ дека ќе собере „и шуто и рогато“, рече дека „после 2 часа во кафана, грешки се случуваат“. Ахмети, очигледно, не пропушти да поентира:

„Заев ќе испие 2-3 чаши ракија пред митинг, па после се кае што рекол. Едно зборува на митинзи, друго зборува со мене на состанок“, рече Ахмети, додавајќи дека тој, како што рече, за разлика од Заев, не е од оние кои „едно зборуваат претпладне, а друго попладне“.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

„Таков е Заев, дава такви изјави. Јас не сум таков“, рече Ахмети.

Ахмети истакна дека за ДУИ е добро да победи токму актуелниот коалиционен партнер, но сепак, додаде, одлучуваат граѓаните.

- Реклама -