Лидерот на СДСМ – Зоран Заев, денеска уште еднаш потврди дека „лошо се изразил“ кога во разговорот што беше објавен пред три дена рекол дека ќе собере „и шуто и рогато“ и дека ќе им „е*е мамето“ на тие што ќе влезат со него во коалицијата.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој денес откри дека удел во таквите изјави имал и кафанскиот амбиент:
„После два саати и 17 минути во кафана на слободен разговор, се слушуваат грешки. Времето покажа дека никогаш не сум имал непријатности, туку напротив имаме одлична соработка. Изработивме заедно многу за нашата земја“, рече Заев, потсетувајќи дека веќе еднаш се извинил.
„Бомбата“ предизвика многу реакции, а коалиционите партнери побрзаа да го демантираат кажаното во снимката. Љубе Бошковски (тука), Стојанче Ангелов (тука) и Павле Богоевски (тука) – сите реагираа дека соработката со Заев била одлична и имаа само пофални зборови.