Home 365 Денес Адеми: Европскиот фронт има над 30 илјади гласови повеќе од „Вреди“

Адеми: Европскиот фронт има над 30 илјади гласови повеќе од „Вреди“

0
Адеми: Европскиот фронт има над 30 илјади гласови повеќе од „Вреди“

 Шефот на Изборниот штаб на Европскиот фронт Арбр Адеми вечерва на втората прес-конференција соопшти дека од половина од обработените гласови, коалицијата „Европски фронт“ води со над 30 илјади гласови во однос на коалицијата „Вреди“. 

– Од 50 отсто преброени гласови, според прелиминарните резултати, разликата меѓу Европскиот фронт и опозицијата е над 30 илјади гласови. Речиси во сите општини сме во предност. Во Дебар 2:1, во Струга повеќе од 2:1, Кичево 5:1, Врапчиште повеќе од 2:1. Во предност сме и во Тетово, Гостивар, Куманово, Липково… , изјави Адеми.

Проценките на коалицијата се дека ќе имаат над 20 пратенички мандати. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here