Специјалците на Армијата спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија

Припадници на Баталјонот на специјални сили на Армијата спасија тешко повреден алпинист од стрмен и непристапен терен во реонот на Демир Капија.

0
Специјалците на Армијата спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија (Опсервер)
Фото: Опсервер

Алпинистот паднал додека се качувал по карпи и се здобил со тешки телесни повреди. Припадниците на БСС во тој момент изведувале редовна напредна обука за планински операции, кога биле алармирани за несреќата што се случила во непосредна близина.

На повредениот му била укажана прва медицинска помош на местото на несреќата, по што со специјализирана алпинистичка и спасувачка опрема бил безбедно извлечен од непристапниот терен и транспортиран преку реката.

По извлекувањето до пристапна точка, повредениот алпинист бил предаден на екипите на Итната медицинска помош за понатамошно згрижување и лекување.