
Видеото од настанот, снимено во меморијалниот комплекс „Мајка Албанка“ во Зајас, го споделија неколку медиуми. Чинот бил претставен како симбол на албанскиот национален идентитет, историското наследство и националната гордост.
Настанот отвори прашања за начинот на употреба на знамињата на заедниците и за тоа дали во конкретниот случај биле исполнети законските услови за истакнување на државното знаме заедно со знамето на заедницата.
Законот за употреба на знамињата на заедниците предвидува случаи во кои знамето на заедницата задолжително се истакнува заедно со државното знаме, а дозволува негово користење и во приватниот живот, како и на културни, спортски и други приредби организирани од припадниците на заедниците.



