Ново детско катче и моторички парк кај жичарницата на Водно

Кај влезот кон жичарата на Водно се уредени просторот и урбаната опрема, изградено е ново детско катче и моторички парк, а обновени се клупите, кантите за отпадоци и летниковците.

0
Ново детско катче и моторички парк кај жичарницата на Водно (Опсервер)
Фото: Опсервер

Град Скопје информира дека претходно бил асфалтиран патот кон Средно Водно, каде што за првпат било поставено и ЛЕД-осветлување. Со моторичкиот парк, децата ќе можат преку игра на отворено да вежбаат рамнотежа и координација.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека заштитата на Водно и обновата на местата каде што скопјани се собираат и одмораат се меѓу неговите најважни приоритети. „За илјадници скопјани, Водно е дел од животот. Тука доаѓаме на прошетка по работниот ден, а за викенд тргнуваме по патеките со семејството и со пријателите“, рече Ѓорѓиевски.

Тој изрази благодарност до општествено одговорната компанија „Филип Морис“ за поддршката во уредувањето на просторот.