
На 21 ноември во утринските и раните претпладневни часови ќе биде променливо облачно со повремен дожд во западните и североисточните делови. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со максимална температура од 15 до 22 степена.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој наместа во западните делови повремено ќе биде засилен, со брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 2 до 9 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Променливото време ќе продолжи и во наредните денови, со постепено опаѓање на температурите. Дожд се очекува утре и во понеделник, а поради продор на постуден воздух од север, во понеделник попладне дождот на планините ќе преминува во снег. Од вторник ќе преовладува стабилно и постудено време.







