
Наутро се очекуваат врнежи од дожд, а во текот на денот ќе следува разведрување, со максимална температура до 22 степени. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец.
Минималната температура ќе се движи од 7 до 14 степени, а максималната од 14 до 22 степени. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.
Во Скопје по утринските услови за дожд се очекува претежно сончево време, со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.
За време на викендот и на почетокот на следната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на ладен воздушен бран, од понеделник до средината на работната недела температурите ќе опаѓаат, а на некои места се очекува да се спуштат под нула степени.







