ВМРО-ДПМНЕ: Од што се плаши Филипче за расправата за Алта банка

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Венко Филипче не го закажуваат продолжението на надзорната расправа за Алта банка откако, според партијата, во јавноста излегле информации дека тие продале државни акции на Мацура и на Алта банка.

0
ВМРО-ДПМНЕ: Од што се плаши Филипче за расправата за Алта банка (Опсервер)
Фото: Опсервер

Од ВМРО-ДПМНЕ наведоа дека СДС и Филипче не објасниле зошто во 2023 година не ја информирале јавноста за продажбата на државните акции на Мацура и на Алта банка. Партијата тврди дека Филипче и СДС молчат поради можноста во јавноста да излезат дополнителни информации.

Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ оцени дека кампањата на СДС и Филипче против Алта банка била политичка хајка зад која, според партијата, стоеле бизнис-мотиви на лица блиски до СДС, Филипче и кланот Заеви.

„Архитекти и главни произведувачи на српскиот свет во Македонија се Венко Филипче и СДС“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.