
CNN објави дека NSA Net, внатрешната мрежа што вработените ја користат за размена на класифицирани информации, била нефункционална, но посочи дека нема докази за кибернапад.
Во соопштение испратено до AFP, NSA наведе дека квалитетот на нејзините услуги „привремено се влошил за време на закажаното рутинско одржување“.
„Додека некои внатрешни системи биле погодени, критичните функции останале целосно оперативни. Инфраструктурата на NSA е дизајнирана да има повеќе механизми за резервна копија за да се обезбеди континуитет на работењето за време на закажано одржување или непредвидени настани“, соопшти портпаролот на разузнавачката агенција.
„Волстрит џурнал“ цитираше извор запознаен со ситуацијата, според кој NSA спроведува ажурирање на софтверот. Прекинот се случил во услови на низа големи технички дефекти, но не е утврдена врска меѓу нив.
Техничките дефекти влијаеле на производите на Microsoft низ светот, довеле до прекин на американскиот воздушен сообраќај и накратко ги нарушиле банкарските услуги во Соединетите Држави.



