Костадиновски: Почитувањето на Уставот е чин на највисок патриотизам

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, по повод 35 години од донесувањето на Уставот повика на заедничка посветеност кон уставните вредности.

8
Костадиновски: Почитувањето на Уставот е чин на највисок патриотизам (Опсервер)
Фото: Опсервер

Костадиновски рече дека силата на Уставот не е само во неговите одредби, туку и во колективната свест, одговорноста и посветеноста кон вредностите што ги гарантира. „Лојалноста кон Уставот е наша заедничка должност, а почитувањето на уставните вредности е чин на највисок патриотизам и љубов кон татковината“, истакнува тој.

Тој порача дека изградбата на правна држава во која владеат правото, правдата и еднаквоста е обврска на секоја генерација. „Да бидеме генерација која со своите дела ќе ја потврди својата верност кон Уставот и ќе придонесе за изградба на слободна, демократска и просперитетна држава. Нека ни е честит Денот на Уставот“, нагласува Костадиновски.