Како да се излекувате од артритис на природен начин?

Артритисот е комплексна болест, па потрагата за вистинскиот лек може да трае долго. Меѓутоа, за да се излекувате не мора да користите медицински лекови. Добра вест е дека со соодветна исхрана, одбрани лековити билки и природни додатоци во исхраната може да го спречите или комплетно да го излечите артритисот.

Темјанушка
Темјанушка

Темјанушка

Босвелија – киселина која е најважна состојка на темјанот. Има силно антиоксидантно дејство и ја ублажува болката предизвикана од артритис, но за разлика од конвенционалните лекови не предизвикува нус појави. Темјанот ја подобрува циркулацијата и дотокот на крв низ вените оштетени со воспалението, што дополнително помага на зглобовите загрозени од артритис.

Куркума

Поради нејзиното антиоксидантно дејство се користи за лекување на артритисот. Нејзината ефикасноснт е докажана и со бројни истражувања.Особено ја ублажува утринската вкочанетост и отоците на зглобовите. 1 200 мг куркума делуваат против атртитис подеднакво како и 300мл од лекот фенилбутазон.

Глукозамин

Глукозамин е природна, нетоксична биохемиска компонента. Тој е главна состојка на `рскавицата и на синовијалната течност, 10кои обезбедуваат заштитна обвивка на краевите на коските во телото, на местата каде што се составуваат, во зглобовите. Со стареењето, способноста на телото за поправање на оштетените зглобови се намалува поради намалувањето на содржината на амино шеќерот наречен глукозамин. Глукозаминот се формира природно во телото од глукоза и глутаминска киселина, кои се добиваат од диететски извори. Глукозамин се користи за стимулација на производство на долги ланци на шеќери кои се познати како гликоаминогликани (градбени единици на ‘рскавицата). Општо прифатено е дека ова може да биде корисно за намалување на болките во мускулите, што резултира со подобрување на подвижноста на зглобовите. Недостатоци се високата цена, можност за алергии и несоодветна за вегетаријанци и дијабетичари.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Кондроитин сулфат

Ги блокира ензимите што ја разградуваат ‘рскавицата. Кондроитинот е дел голем протеински молекул кој на рскавицата и дава еластичност. Делува на тој начин што ја привлекува течноста во молекулите стимулирајќи продукција на колаген. Исто како и глукозаминот може да предизвика нус појави.

Хијалуронска киселина

artritis1Хијалуронската киселина по состав претставува едноставна молекула, која е одговорна за набабрување на кожата бидејќи може да задржи големо количество вода, до 1000 пати од својата вкупна тежина. Со напредувањето на возраста количината на хијалуронска киселина значително се намалува и сврзното ткиво ја губи својата еластичност. Доколку се зема хијалуронска киселина како додаток во исхраната, постои ризик од појава на исип и алергии. Контраиндицирана е да зема при постоење на ревматиден артрит и рак. Секогаш консултирајте се со лекар пред да купите препарат збогатен со хијалуронска киселина.

Цинк

Го намалува ризикот од артритис. Недостатокот на цинк во исхраната го зголемува ризикот од воспаленија на ткивото, реума, како и појава на целулит. Храната богата со цинк: интегрални житарки, тиква и нејзините семки, соја, грашок.

Што друго спречува и се бори против артритисот?

Манган, остеол, метил-сулфонил-метан, ѓумбир, цетил-миристолеат, лист од црна рибизла односно екстракт од црна рибизла, лист од коприва

Вежбање против артритис

Fitness path_cropped (1)

Најдобри физички активности при артритис се пешачење, велосипедизам, пливање, јога и таи чи. Не се плашете од движење ако имате артритис – тоа од што треба да се плашите е – седење!

Ако имате артритис не се препуштајте на судбината. Тој се лекува. Вооружете се со природни лекови и тргнете во борба против оваа опасна болест.

- Реклама -