Лековитите својства на пиперките

Поради ниската енергетска вредност пиперките се погодни за диета, но исто така поради лековитите својства овој зеленчук е одличен борец против многу болести.

Пиперките во себе содржат многу лековити, хранливи и корисни состојки за организмот, а тоа се; бета-каротен, витамините A, B1, B2, B6, E, и C, железо, глукоза, етерични масла, зеаксантин, калиум, каротин, лутеин, моносахарид, натриум, сахароза, јаглени хидрати, фолна киселина, фосфор, фруктоза, цитрин и други.

peppers

Поради ова се препорачува често да се конзумира, а делува и како антидепресив, афродизијак, антисептик и диуретик.

Со помош на пиперките човекот може да се избори против многу болести како што се авитаминоза, алергии, ангина пекторис, висок крвен притисок, дебелина, дијабетес и запек. Пиперките во себе содржат влакна и затоа е добра за проблеми со варењето и празнење на цревата. Покрај моќта на афродизијак делуваат и против импотенција. Лекува инфективни заболувања, добра е против инфаркт, кашлица, мамурлак и надуеност.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

roasted-sweet-peppers

Пиперките ја лекуваат и неплодноста, а добри се и против опаѓањето на косата. Може да се користи ако личноста има отежнато мокрење, проблеми со варењето, зголемен холестерол или проблеми со крвните садови. Исто така, се користи во случај на проблеми со циркулацијата, нервите и проблеми со желудникот.

Пиперките ги лекуваат и хемородите, старосното слепило, реумата и го враќа апетитот.

Chili-peppers

Поради се што набројавме не ви преостанува ништо друго освен да почнете што почесто да јадете пиперки.

- Реклама -