Струмица со пораз се враќа од Финска во првиот меч од Челинџ купот

Одбојкарите на Струмица загубија со 3:0 во сетови на гостувањето во Финска, во првиот натпревар од првата рунда на ЦЕВ Челинџ купот.

12
Струмица со пораз се враќа од Финска во првиот меч од Челинџ купот (МКД.МК)
Фото: МКД.МК

Финскиот состав беше подобар во сите три сета. Првиот го доби со 25:13, Струмица пружи поголем отпор во вториот, кој заврши 25:20, а третиот сет му припадна на домаќинот со 25:17.

Домаќините освоија 47 поени во напад, наспроти 25 на Струмица, а имаа предност и во блокот со 11:5 и во ас-сервисите со 5:3.

Најефикасен кај Струмица беше Тејлор Трип со 10 поени. Кристијан Илијев запиша осум, а Филип Маџунков седум поени.