iPhone ќе го вози автомобилот наместо вас (видео)

ajfon_aplikacijaАвтомобилите на далечинско управување до сега беа само задоволство за децата и нешто што можевме да го видиме во филмовите за Џејмс Бонд, но наскоро тие би можеле да станат секојдневие за сите нас. Имено, компјутерските научници од Германија развија iPhone апликација со која овој суперпаметен телефон се претвора во далечински управувач за вашиот автомобил.


Автомобилите на далечинско управување до сега беа само задоволство за децата и нешто што можевме да го видиме во филмовите за Џејмс Бонд, но наскоро тие би можеле да станат секојдневие за сите нас. Имено, компјутерските научници од Германија развија iPhone апликација со која овој суперпаметен телефон се претвора во далечински управувач за вашиот автомобил.

ajfon avtomobil

Со помош на iPhone, возачот може да го управува воланот, кочниците и педалата за гас само преку допир на екран. Во автомобилот во исто време на управувачката плоча е поставена камера која испраќа сигнали на мобилниот телефон и на таков начин му овозможува на возачот да гледа пред возилото, односно да може да го насочи автомобилот кон саканиот правец. Наредбите на возачот се пренесуваат преку iPhone до управувачкиот дел на автомобилот. Сигналот може да биде испратен толку далеку, што корисникот на оваа апликација ќе може да го паркира возилото додека тој е на пр. на четврт кат од зграда.

Оваа апликација, како и возилото, се направени во Универзитетот во Берлин и се дел од истражувањата за тоа како самоуправувачките возила би можеле да ни го променат нашиот живот во иднина. Професорот Раул Ројас, кој го водеше проектот, веќе многу оптоимистички гледа на овој нов изум. Тој изјави дека благодарејќи на ваквиот начин на управување со возилата еден ден би можеле да користиме такси без возачи што значително би ја сменило потребата на сите нас да возиме сопствен автомобил.

Погледнете како помина тест возењето со помош на Ајфон.

{youtube}oHDwKT564Kk&feature=player_embedded{/youtube}

- Реклама -