ЗНАМ до ВРЕДИ: Почекајте го мислењето на Венецијанската комисија

ЗНАМ ги повика ВРЕДИ да почекаат со прогласувањето историски победи до мислењето на Венецијанската комисија за употребата на албанскиот јазик во правосудството.

9
ЗНАМ до ВРЕДИ: Почекајте го мислењето на Венецијанската комисија (Опсервер)
Фото: Опсервер

Движењето ЗНАМ ги повика претставниците на ВРЕДИ да почекаат со прогласувањето историски победи до мислењето на Венецијанската комисија за употребата на албанскиот јазик во правосудството. Владата усвоила информација за потребата од стручно мислење, но тоа не значи конечна одлука или промена на законската рамка, наведува ЗНАМ.

Во ЗНАМ велат дека побараното мислење треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди.

Реклама

Од партијата оценуваат дека употребата на јазиците, особено во правосудството, е премногу сериозно прашање за дневнополитички маркетинг пред да бидат разгледани сите правни аспекти и добиени релевантните стручни мислења. Наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, велат од ЗНАМ, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури.

„За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата“, велат од партијата.