10 причини зошто треба да му направите Jailbreak на вашиот iOS уред

гаџетиБрканицата помеѓу Apple и iOS хакерите имаше интересен пресврт оваа недела, со враќањето на едноставниот Jailbreak, извршен со само еден клик. Сега кога е лесно враќање на системот преку iTunes, ништо не може да тргне наопаку.

Брканицата помеѓу Apple и iOS хакерите имаше интересен пресврт оваа недела, со враќањето на едноставниот Jailbreak, извршен со само еден клик. Сега кога е лесно враќање на системот преку iTunes, ништо не може да тргне наопаку.

JailbreakMe_380px
Што е Jailbreak? Тоа е хакирање што ви овозможува ослободување на вашата iOS направа (iPhone, iPod, iPad итн.) и инсталирање на сè што ќе посакате, без забраните на Apple. Можете комплетно да го промените изгледот (со нови теми), да инсталирате апликации што ги нема во App Store кои се легални и многу корисни, итн. Ќе наведеме 10 причини зошто треба да го направите ова уште денес.

За инает на Apple
Jon_Stewart_appholes_380px
Јасно е дека Apple не сака да го направиме овој акт врз нивните уреди. Зошто? Тие тврдат дека е заради безбедносни мерки и затоа што направата била помалку стабилна. Но не сме слушнале дека некој се пожалил од ова. Дури и самите Apple, како огромна корпорација, ги продаваа своите компјутери под мотото “Think Different”. Епа ајде да размислуваме поинаку и да ги прошириме нашите можности со технологијата. Да покажеме дека не сме дел од слепата толпа и да направиме Jailbreak.


За враќање на банираните апликации
GV_Mobile_320px
Многу пати се случило Apple да банира апликации од нивниот App Store без никаква видлива причина, оставајќи многу корисници разочарани. Во случајот со Google Voice, иновативната технологија од Google беше банирана и до ден денес не постои валидна Google Voice апликација. Имало уште многу такви случки со апликации што се премногу корисни за iOS, кога нивните програмери се обратиле кај хакерската заедница за тие да ги промовираат. Што значи, слободен телефон, повеќе апликации.

Заради Cydia и Rock
cydia
Cydia и Rock се методи за Jailbreak кои се многу популарни и едноставни. По процесот на Jailbreak, тие служат како продавница за апликации (дури и за сите оние што се банирани, исправни и легални). Нивните цени се пониски а повеќето се дури и бесплатни. Освен тоа можете да најдете многу различни начини како да го измените изгледот и начинот на работа на вашиот уред.

Заради мобилната мрежа
ultrasn0w_1.0_380px
Секој пат кога првпат ќе излезе iPhone во САД, тој е заклучен на само една мрежа, АТ&Т. Ако сте корисник на друга мобилна мрежа, нема да можете да го користите. За да се ослободите од оваа рестрикција ќе мора да му направите Jailbreak на вашиот iPhone и со апликацијата ultrasn0w ќе можете комплетно да се ослободите. Ова важи и за локалните оператори во сите останати земји каде iPhone е достапен.

Заради најдоброто корисничко искуство
Некои од карактеристиките на iOS станаа достапни преку Jailbreak уште пред Apple да ги воведе официјално (како на пример multitasking, audio streaming итн.). Навидум изгледа дека хакерите знаат подобро од Apple што им треба на нивните уреди и гледаат во најбрзо можно време да ги подобрат.

За да го направите уникатен
Вклучете ја Cydia и отидете во секцијата за теми. Ќе се воодушевите колку нови убави теми се подржани за “пресоблекување” на вашиот уред. Моментално, има преку 2000 теми само во Cydia, теми кои можат да го направат вашиот iPhone, iPod или iPad да има слики од вашиот омилен филм, игра или артист.

Заради илјадници бесплатни рингтонови
Rock_app_ringtones_380px
Во раните денови на iPhone, не ни постоеше можноста да си ставите свој рингтон. Но кога ова стана реалност, Apple залепи цена од 99 центи на секој можен рингтон што можете да го преземете. Корисниците сакаа да можат да си стават своја песна како и можност за измена и креирање на свој рингтон. Ако сте мрзливи или немате моментална мотивација да креирате свој рингтон, само вклучете ги Cydia и Rock и изберете од преку 3000 бесплатни рингтонови.
Затоа што моментално е легално
Jailbreak постои уште од 2007-та година кога излезе првиот iPhone. Иако не беше активност од која можете да завршите во затвор, Apple дефинитивно не го посакуваше ова и гледаше да го спречи како знае. Но што и да каже или направи Apple, во ниту еден закон никаде не стои дека слободата на вашиот уред е нелегална.

Заради поддршка на хакерската заедница
Поголемиот дел од оваа заедница се луѓе што се инволвирани во Jailbreaking чисто од љубов, а не заради профит, иако секоја мала донација е прифатлива. Иако Стив Џобс се лути на секое вакво постигнување, сè уште стои малиот факт дека и тој ја започнал својата кариера на овој начин, со профит преку хакирање. Можете да прочитате за еден од неговите први изуми наречен “phone phreaker“.

Направете го веднаш, додека Apple не се предомислиле
Најверојатно, најголемата причина од сите други зошто да направите Jailbreak е затоа што ви се може. Погледнете го веб сајтот JailbreakMe.com и вие сте еден чекор поблиску до комплетна слобода.

iOS_SDK_block_380px
Можеби еден ден Apple ќе ја види светлината и ќе ги понуди Cydia или/и Rock како алтернативи на нивниот App Store. Но до тој ден, останува борбата за слободно користење на парчето хардвер што сте го купиле и по секоја логика, треба да биде комплетно ваше за користење на било кој начин што вие ќе го посакате. [maclife.com]
- Реклама -