Можеби ова ќе ви изгледа морбидно, но дали сте знаеле дека обичајот за закопување на мртвите датира од пред 350,000 години? Уште 9 интересни факти поврзани со смртта на повеќе.
1. Обичајот на закопување на мртвите датира од пред 350,000 години.
2. Во рок од три дена по смртта, ензимите кои порано ја вареле вашата храна почнуваат да ве „варат“ вас. Клетките стануваат храна за постоечките бактерии во утробата, кои испуштаат гасови што го дуваат телото и предизвикуваат испакнување на очите.
3. Шведска компанија по име Промеса нуди услуга на смрзнување на телото(еколошки закоп) со течен азот и претворање во прав со високо-фрекфентни вибрации.
4. Зороастријаните во Индија ги оставаат телата на нивните мртви на отворено за евентуално да бидат конзумирани од мршојадци.
5. За органите да се формираат за време на ембрионалниот развиток, некои клетки мора да извршат самоубиство. Без таква програмирана смрт, сите ние би се раѓале со споени прсти на стапалата како кај патките.
6. Во 1907 година еден доктор од Масачусетс извршил експеримент со специјално дизајнирана смртна постела и открил дека човечкото тело губи 21 грам при смртта.
7. 80% од луѓето во Америка умират во болница.
8. Во Њу Јорк има повеќе самоубиства отколку убиства.
9. За време на железничката експанзија во Египет во 19-от век градежните компании откопале толку многу мумии, што повеќето од нив биле користени како гориво за локомотивите.
10. Проценето е дека 100 билиони луѓе умреле од почетокот на човештвото до денес.