HTC One трет најпродаван телефон по iPhone 5, Galaxy S4 во САД

Иако последниот претставник на тајванскиот производител HTC One не прикажа дека својата продажба е толку силна како на онаа на Apple и Samsung, сепак успеа да влезе во првата тројка најпопуларни смартфони во САД.

Barron’s тврди дека аналитичарот Williamm Power објавил извештај според кој HTC One продолжува да се истакнува како трет најпродаван уред веднаш зад iPhone и S4 кај најголемите американски оператори AT&T, Sprint и T-Mobile.

gsmarena_002-12

Ивештајот на Williamm Power е само уште еден доказ дека предводникот на HTC има силна продажба до сега, како што стоеше и во извештајот објавен минатиот месец од страна на HTC дека продал околу 1.2 милиони уреди за само еден месец по испораката низ целиот свет.

htc-one-19

Кој е вашиот гигант од овие три модели?

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -