Актерите од видео игрите одат на штрајк поради ВИ

Големите компании за видео игри како Activision, Warner Bros и Walt Disney се соочуваат со штрајк на актерите поради нивното користење на вештачка интелигенција.

Ваквите најави следуваат по повеќе од година и половина преговори за нов договор помеѓу компаниите и синдикатот кој претставува повеќе од 2500 актери кои позајмуваат гласови или други сличности на видео игрите. Двете страни се договориле за неколку клучни прашања, како платите и безбедноста на работата, но заштитата против користењето на вештачката интелигенција се уште останува проблем.

Актерите и изведувачите се загрижени дека студијата кои изработуваат видео игри ќе користат генеративна вештачка интелигенција за да ги произведат нивните гласови и физички изглед за анимирање на карактерите од видео игрите, без да им биде исплатена компензација.

„Иако се постигнати договори за многу прашања… работодавците одбиваат јасно да потврдат, на јасен и спроведлив јазик, дека ќе ги заштитат сите изведувачи опфатени со овој договор на од вештачката интелигенција“ велат од синдикатот.

Прочитајте и:  Мета: Вештачката интелигенција не ги наруши изборните процеси изминатава година

Тие додаваат дека нема да се согласат на договор кој ќе им дозволи на компаниите да злоупотребуваат вештачка интелигенција на штета на нивните членови.

Од друга страна, компаниите кои издаваат видео игри велат дека направиле доста отстапки за барањата на синдикатот.

„Разочарани сме што синдикатот одлучи да се повлече од разговорите кога бевме толку блиску до договор“ рече Одри Кулинг, портпарол за 10 компании кои објавуваат видео игри.

Таа додаде дека нивната понуда одговара на барањата на синдикатот и дека нуди значителна заштита од вештачката интелигенција и дека вклучува барање на согласност и фер компензација за сите актери чии гласови или физички изглед ќе биде користен.

- Реклама -