iPhone 6 со екран од 4.7 инчи

Apple со неодамна претставениот целосно изменет оперативен систем iOs 7 покажа дека има желба за воведување на драстични промени кои можеби требаше да се случат и претходно, но никогаш не е доцна за фаќање приклучок.

Сега на ред е редефинирање на формата на iPhone за кој сите критикуваат дека е мал во споредба со „чудовиштата“ од Android каде веќе се бришат сите граници на големина на екранот. Затоа Apple ќе попушти пред притисокот со пласман на нешто поголем iPhone 6.

ios-7-iphone-concept-1

Тоа нема да се случи набрзо во наредните месеци кога најверојатно ќе видиме само за нијанса променета верзија на iPhone 5S, но кога е во прашање Apple може се да се очекувано, особено ако вредноста на акциите продолжи да паѓа. iOs 7 е доволен доказ дека Apple е подготвен на поаграсивен пристап кој ќе ги содржи сите неопходни елементи.

iPhone6

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -