Злобните пирати во Кина научија да прават вештачки јајца. Добрата вест: немаат холестерол. Лоша? ЛУДИЛО!
За време на една рација во центарот на Гуангзу, провинција во Кина, биле запленети големи количества на лажни јајца. Нивната цена на големо изнесувала 0,03 долари – половина од онаа на вистинските.
Потрошувачите имале проблем да ги разликуваат оригиналните од лажните јајца. Ова е добра вест за оние кои сакаат да се впуштат во овој нелегален бизнис, така да низ Кина се изведуваат тајни тридневни курсеви за производство на вештачки јајца. Еден кинески репортер успеал да присуствува на овие лекции и да ја научи умешноста на правењето јајца. Еве што тој видел:
Да создадете белка од јајце потребни ќе ви бидат желатин, одреден непознат прашок, бензоинска киселина, коагулирачки материјал и стипса која се користи во индустриските процеси. За жолчката потребен е жолт прав од лимон кој се истура во течност, а потоа се замешува. Смесата потоа се става во заоблени пластични садови помешана со таканаречена „магична вода“, која содржи калциум хлорид. Ова и дава на жолчката тенка надворешна мембрана, зацврстувајќи ја.
Потоа јајцето се вметнува во друг калап. Не ја изоставуваме и лушпата. Парафински восок и неидентификувана бела течност се истураат врз лажното јајце, кое потоа се остава да се исуши.
По сето ова, вештачкото јајце е спремно и можете да го испржите по свој избор.
Сепак, на белката на јајцето се појавуваат меури при пржењето, а оние кои го пробале велат дека тие имаат прилично ист вкус како и вистинските.
Експертите предупредуваат од опасноста при јадењето на вакви вештачки јајца. Не само што не се воопшто хранливи, туку и долготрајното внесување на стипса во оранизмот може да предизвика губење на интелектуалните функции, односно да доведе до лудило.