Вембањама со 52 поени и 24 скока предведе Спарс до победа над Далас

Виктор Вембањама постигна рекорд во кариерата со 52 поени и 24 скока, водејќи ги Сан Антонио Спарс до драматична победа над Далас со 112:111.

10
Вембањама со 52 поени и 24 скока предведе Спарс до победа над Далас (Опсервер)
Фото: Опсервер

Францускиот центар Виктор Вембањама одигра историски натпревар, постигнувајќи рекорд во кариерата и водејќи ги Сан Антонио Спарс до драматична победа над Далас со 112:111.

Во еден од најдоминантните индивидуални настапи оваа сезона, Вембањама запиша 52 поени, 24 скока и осум блокади. Веќе во првото полувреме, во првите 24 минути, тој постигна 29 поени, фати 15 топки и забележа пет блокади, со што стана првиот играч од почетокот на ерата на следење на деталната статистика на НБА лигата (сезона 1996/97) кој постигна најмалку 25 поени, 10 скока и пет блокади во едно полувреме.

Реклама

Далас имаше шанса да ја расипе историската ноќ на домашниот тим, но Кајри Ирвинг промаши тежок шут од половина терен три секунди до крајот. Голем придонес за шестата последователна победа на Спарс даде Дилан Харпер со 21 поен, како и Стефон Касл, кој запиша 17 поени и 10 скока.

Во редовите на Далас, Наџи Маршал постигна 22 поени, Пи Џеј Вашингтон додаде 21, а Купер Флег 19 поени. Кајри Ирвинг го заврши натпреварот со 29 поени.