
Општина Кисела Вода одржа јавни средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“ за да ги вклучи граѓаните во одредувањето на буџетските приоритети за 2027 година.
Граѓаните кои присуствуваа на средбите директно учествуваа во дискусијата, каде што ги изнесоа своите потреби и предлози за населбите. Процесот се спроведува под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, а целта е секој жител да има можност да придонесе во одредувањето на буџетските приоритети.
Општината нагласува дека сите пристигнати предлози се клучни за заедничко дефинирање на приоритетите, бидејќи гласот на секој поединец е важен за развојот на општината. За граѓаните кои не беа во можност лично да присуствуваат на средбите, отворена е можноста своите предлози да ги испратат електронски.
Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.



