
Германската полиција и обвинителството отворија истрага за смртта на баварскиот вицепремиер Хуберт Ајвангер, кој беше пронајден мртов во хотелска соба во Берлин.
Целта на истрагата е да се утврдат точната причина и околностите на смртта, како и да се исклучи евентуална вмешаност на трето лице. Според германските медиуми, засега нема индиции дека станува збор за кривично дело, а причината за смртта сè уште не е официјално утврдена.
Ајвангер допатувал во Берлин за да присуствува на отворањето на партиска канцеларија на „Слободни избирачи“, партијата што ја предводеше. Сепак, го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро, по што станал недостапен и бил пронајден мртов во хотелската соба.
На местото на настанот се врши прибирање докази, а се очекува да биде наредена и обдукција. Баварскиот премиер Маркус Зедер изрази длабока потресеност поради ненадејната смрт на својот заменик, оценувајќи ја како страшна трагедија.



