
Управниот одбор на Реал Мадрид на 4 ноември одлучи да го предложи Рафаел Надал за нов член на Управниот одбор, а назначувањето треба да биде ратификувано од Генералното собрание на делегатските членови.
Шпанскиот тенисер и почесен член на Реал Мадрид, Рафаел Надал, ја прифатил понудата да стане дел од раководството на клубот.
Од Реал Мадрид соопштија дека Надал е член број 67.778 на клубот и дека од одговорната позиција во Управниот одбор ќе придонесува за сегашноста и иднината на клубот.
Надал му се заблагодари на претседателот Флорентино Перез и на бордот за укажаната можност. „Ја прифаќам понудата со голема возбуда, желба да учам и да придонесам се што можам“, рече тој.
Во соопштението Реал Мадрид потсети дека Надал во кариерата освоил 92 поединечни титули, меѓу кои 22 гренд слем титули, две олимписки злата и пет титули во Дејвис купот со Шпанија.



