Jacque Fresco е индустриски инженер, архитектонски дизајнер и футурист
кој има желба и идеи да креира солуции кои максимално ќе им користат на
луѓето. Режисерот Вилијам Газецки во документарецот Future by Design го
опишува како модерен визионер – Да Винчи на денешницата.
Jacque Fresco е индустриски инженер, архитектонски дизајнер и футурист кој има желба и идеи да креира солуции кои максимално ќе им користат на луѓето. Режисерот Вилијам Газецки во документарецот Future by Design го опишува како модерен визионер – Да Винчи на денешницата.
Неговиот концепт се состои во „економија базирана на ресурсите“ која ја заменува потребата од монетарно-ориентираната економија која ја имаме денес.
Тој тврди за ова да функционира, ресурсите на Земјата мора да се чуваат како заедничко наследство на сите луѓе, а не само на определена група и дека поделбата на ресурсите според монетарните методи е ирелевантна и непродуктивна за нашиот опстанок.
The Venus Project претставува храбра, нова патека за човештвото која се потпира на тотален редизајн на нашата култура. Овој проект е посветен на конфронтацијата и замената на сериозните општествени проблеми како криминалот, пренаселеноста и невработеноста преку истражување, едукација и свест. Тоа е проект каде луѓето, технологијата и природата ќе имаат можност да коегзистираат во единствена држава на динамичен еквилибриум.
Future by Design (документарец)
Ве интересира архитектура и модерен дизајн? Тогаш проверете го бордот АРХИТЕКТУРА на ФОРУМ@365