
Во Драмскиот театар во Скопје се одржа фолклорна вечер по повод 50-годишнината од формирањето на Општина Карпош. Настапија шест фолклорни и културно-уметнички друштва од Карпош, пред публика на која присуствуваа градоначалникот Сотир Лукровски, членови на Советот и граѓани.
На сцената настапија МКУД „Цветан Димов“, Ансамбл „Традиција“, Ансамбл „Звуците на Каршиака“, Фолклорно аматерско здружение, Ансамбл „ЕТНОС“, АКУД „Мирче Ацев“ и хорот на АКУД „Мирче Ацев“.
Настанот беше организиран од Општина Карпош во рамки на Програмата за култура за 2026 година, како дел од активностите со кои се одбележува јубилејот.
Според соопштението, вечерта била посветена на музиката, традицијата, играта и културното наследство, а учесниците преку своите изведби ја претставиле фолклорната разноликост што се негува во Карпош.



