
Дуа Липа објави фотографии од костим за Ноќта на вештерките во темна, готска естетика, со долг црн проѕирен фустан и детали што го истакнуваат провокативниот стил. Пејачката напиша дека костимот го склопила пет минути пред да излезе од дома.
На фотографиите што ги сподели на Инстаграм, Дуа Липа носи фустан од колекцијата есен/зима 2026 на Lou de Bétoly, со корсет инспириран од долна облека и проѕирни делови од тантела што ја откриваат црната долна облека.
Изгледот го заокружила со црн крзнен капут, накит со крст и шема што потсетува на шаховска табла, како и со шминка во стил „smokey eyes“ и темно кафеав кармин. Во описот на објавата, таа напиша: „Кога костимот за Ноќта на вештерките ќе го склопиш пет минути пред да излезеш од дома“.



