Слабеење со чоколатца

чоколатцаДесет недели, Марк Хауб, експерт за човечка исхрана и професор на Државниот Универзитет во Канзас, јадел само по едно чоколатце на секои три часа, наместо оброци. За да внесе разновидност во исхраната тој од време на време јадел чипс, житарици богати со шеќер и колачиња.

Десет недели, Марк Хауб, експерт за човечка исхрана и професор на Државниот Универзитет во Канзас, јадел само по едно чоколатце на секои три часа, наместо оброци. За да внесе разновидност во исхраната тој од време на време јадел чипс, житарици богати со шеќер и колачиња.

Професор Марк Хауб

Тој пред да започне со ваквата исхрана си поставил за цел да докаже дека внимавањето на калориите, а не хранливата вредност на храната е она што овозможува слабеење. Тој успеал да ја оствари својата цел, во два месеци со оваа специјална исхрана тој успеал да загуби 12,5 килограми. За овој проект, Хауб се ограничил себе си на 1800 калории дневно. Човек со слична градба како Хауб користи 2600 калории дневно. Хауб се придржувал до наједноставниот принцип з слабеење: Конзумирал значително помалку калории одошто согорувал.

Неговиот индекс на телесна маса исто така се намалил, од 28,8, што се смета за прекумерно, на 24,9 што е нормално. Тој сега тежи 79 килограми. Во овој момент можеби очекувате да чуете за несаканите последици по неговото здравје. Но, нема такви. „Лошиот“ холестерол, или LDL, се намалил за 20 проценти, додека „добриот“, или HDL, се зголемил за 20 проценти. Тој исто така го намалил и нивото на триглицериди, кои претставуваат форма на маснотии, за 39 проценти.

„Тоа е збунувачкиот дел“ изјавил Хауб, „Што значи тоа? Дали значи дека сум поздрав? Или дали значи дека ни недостига нешто во начинот на кој го дефинираме здравјето, од биолошка гледна точка?“ И покрај неговиот привремен успех, Хауб не го препорачува овој метод на слабеење. „Не сум подготвен да речам дека е добро да се направи ова, заглавен сум на средината. Мислам дека тоа најмногу ме фрустрира. Не можам да дадам конкретен одговор. Нема доволно информации за такво нешто“ додал тој.

Две третини од неговата храна била храна која генерално не е добра за здравјето. Тој сепак пиел по една мултивитаминска таблета и протеинси напиток дневно, и јадел зеленчук, најчесто три до четири парчиња целер. „Има луѓе кои постојано конзумираат ваква храна. Можеби едноставно се работи за прашање на големината на порциите, а не целосното избегнување. Мислам дека е нереалистично да се очекува од луѓето целосно да ги заменат овие типови на храна со овошје и зеленчук. Тоа можеби е здраво, но не е реалистично“ додал тој.

Процентот на мрснотии во неговото тело паднал од 33,4 на 24,9 проценти. Тука се јавува прашањето, што е поважно за слабеење, квантитетот или квалитетот на калориите? Според еден диететичар од Атланта, Џорџија, неговиот успех најверојатно е резултат на намалениот број на конзумирани калории. Но диететичарите велат дека не е изненадување што здравјето на Хауб се подобрило и покрај тоа што се хранел со нездрава храна. Тие велат дека прекумерната тежина е централниот проблем кој предизвикува висок крвен притисок, дијабетес и висок холестерол, па кога се намалува тежината, без разлика на кој начин, генерално се очекува подобрување во здравјето.

На 25 август, Хауб, кој има 41 година, ја започнал својата невообичаена диета со цел да ја користи како наставно помагало. Но кога забележал пад во неговата тежина тој решил да продолжи сè додека не дојде до здрав индекс на телесна маса. Пред да ја започне оваа диета, тој се трудел да се храни здраво. „Очигледно постои разлика помеѓу здрава исхрана и здравје“ изјавил Хауб. „Можеби не е исто. Јас се хранев здраво, но не бев здрав. Јадев премногу.“

Тој за време на диетата продолжил со истата умерена физичка активност како пред да започне. За да не биде лош пример за своите деца тој пред своето семејство јадел само зеленчук. Хауб цело време го набљудвал своето тело, го мерел крвниот притисок, холестеролот и глукозата. За да ги ограничи калориите тој избегнувал месо и овошје. Штом започнал да внесува месо во исхраната пред околу четири недели, нивото на неговиот холестерол пораснало. Сега откако завршил со неговиот експеримент, Хауб планира да додаде околу 300 калории на неговата дневна исхрана. Но тој не се откажува целосно од чоколатцата. И покрај загубената тежина тој е нерешителен: „Би сакал да можам да речам дека резултатите не се здрави. Би сакал да речам дека се здрави. Но не сум доволно сигурен за да го направам тоа. Тоа нервира многу луѓе. Едната страна вели дека ова е неодговорно, нездраво, но податоците велат дека не е така.“ [Twinkie diet helps nutrition professor lose 27 pounds]

- Реклама -