Манчестер Сити ја намали разликата зад Арсенал

4

Фудбалерите на Манчестер Сити забележаа значајна победа во дербито на 32. коло од Премиер лигата, совладувајќи го Челзи на гости со резултат 3:0. Со оваа победа, „граѓаните“ ја намалија разликата во однос на лидерот Арсенал на шест бодови, со натпревар помалку. Во следното коло, Манчестер Сити ќе го пречека Арсенал на свој терен.

По изедначеното прво полувреме, на почетокот од вториот дел, Нико О’Рајли го отвори резултатот во 51. минута. Шест минути подоцна, Манчестер Сити успеа да зголеми на 2:0 со голот на Марк Геи, а конечниот резултат од 3:0 го постави Џереми Доку во 68. минута.

Реклама

Во останатите три натпревари одиграни денес во Премиер лигата, Кристал Палас го победи Њукасл со 2:1, Нотингем Форест и Астон Вила ремизираа 1:1, додека Сандерленд го совлада Тотенхем со 1:0.

Последниот натпревар во ова коло ќе се одржи утре од 21 часот, каде што Манчестер Јунајтед ќе се соочи со Лидс.