
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс синоќа забележа победа против Њу Орлеанс во домашниот натпревар од регуларната сезона на НБА, со резултат 110:101.
Најистакнатиот играч на средбата беше Лука Дончиќ, кој постигна дабл-дабл со 27 поени и 10 скока, дополнет со седум асистенции.
Лејкерс (37 победи и 24 порази) сега имаат три последователни победи и се на шесто место во Западната конференција на НБА. С другата страна, Њу Орлеанс (19-44) се наоѓа на 13-то место во конференцијата.
Во продолжение, ви ги пренесуваме резултатите од другите натпревари во НБА лигата одиграни синоќа:
– Шарлот – Далас 117:90
– Кливленд – Детроит 113:109
– Орландо – Вашингтон 126:109
– Мајами – Бруклин 124:98
– Торонто – Њујорк 95:111
– Чикаго – Оклахома 108:116
– Минесота – Мемфис 117:110
– Филаделфија – Сан Антонио 91:131
– Сакраменто – Феникс 103:114.



