Волц: Трамп планира да ги доведе Русија и Украина на преговарачка маса и да стави крај на војната

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп планира да ги доведе Русија и Украина на преговарачка маса и со тоа да стави крај на војната, изјави кандидатот за функцијата советник за национална безбедност во Белата куќа, Мајк Волц.

Волц, кој е републикански конгресмен од Флорида, изјави за Гласот на Америка откако републиканците се сретнаа со Трамп во средата дека новоизбраниот претседател јасно ставил до знаење дека сака да ги доведе двете страни на преговарачка маса и дека е фокусиран на завршување на војната, а не на нејзино продолжување.

Тој посочи дека визијата на безбедносната политика на САД во однос на Украина зависи од новоизбраниот претседател.

Волц ќе го замени Џејк Саливан како советник за национална безбедност во Белата куќа.

Прочитајте и:  Милер: Русија е таа што ескалира, политиката на САД за употреба на американското оружје од Украина не е променета

Тоа е моќна позиција во претседателската администрација за која не е потребно одобрение од Сенатот.

Трамп завчера објави дека ќе го номинира Волц за советник за национална безбедност во неговата идна администрација.

- Реклама -