Трамп му се јавил на Путин, разговарале за брзо решавање на војната во Украина

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на повеќе извори.

Весникот наведува дека Трамп разговарал со Путин во четвртокот, што бил нивен прв телефонски разговор по победата на Трамп на изборите, а една од темите на разговорот била војната во Украина. Според изворите, Трамп му се јавил на Путин од неговото одморалиште на Флорида и за време на разговорот го повикал да не ескалира конфликтот со Украина.

Според извори на „Вашингтон пост“ кои сакале да останат анонимни, Трамп го потсетил Путин на силното американско воено присуство во Европа.

-Разговорот беше насочен кон постигнување мир во Европа, а Трамп изрази интерес за дополнителни разговори за брзо решение на војната во Украина, велат изворите на весникот.

Прочитајте и:  Туск: Војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, заканата од глобален конфликт е сериозна и реална

Тие додадоа дека Трамп и Путин разговарале за постигнување мир на европскиот континент и дека Трамп „изразил интерес да го продолжи разговорот со темата за рано решавање на украинската војна“.

- Реклама -