ВМРО-ДПМНЕ: Неспособната Арсовска поддржана од СДС, ДУИ и Левица, беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип

Прес-конференција на Стефан Кирков, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Данела Арсовска која е позната по негрижа за граѓаните, негрижа за народните пари, сега беше на праг да предизвика епидемија со птичјиот грип.

Данела Арсовска заедно со коалицијата СДС, ДУИ и Левица со кои ги тера сите матни зделки се заинтересирани само за интриги и за влакно избегаа да бидат причинител за птичји грип и епидемија во целиот град.

Арсовска, поддржана од СДС, ДУИ и Левица, само ги менуваше директорите на скопската Зоолошка градина која е обележје на Скопје и на цела Македонија, а единствено требаше да направи е само да назначи професионалец.

Но, што направи таа? Скопската Зоолошка ја претвори во еден хорор филм, каде за помалку од три години направи помор и таму починаа повеќе од 40 егзотични животни, установа која ја пратат само инциденти.

Прочитајте и:  АХВ: Потврденo присуство на Птичји грип во Зоолошката градина во Скопје, „отстранети“ над 30 птици

Сепак доколку не се ангажираа институциите во Зоолошката ќе се случеше катастрофа од невидени размери.

Здравјето на граѓаните и здравјето на вработените во оваа установа е пред се, сметаме дека институциите реагираа навремено и професионално.

Постапката со евтаназија на животните кои имале близок контакт со заболеното животно во кое се утврдил вирусот е постапка која е по сите стандардизации и таа се практикува во сите зоолошки и е дел од  регулативите во ЕАЗА, Европска Асоцијација на зоолошки и аквариуми.

Апелираме до Арсовска да прекине со продукција на лаги и хорор филмови. Доста Арсовска поддржана од СДС, ДУИ и Левица, ги малтретира скопјани, намерите им се јасни и се препознаени од сите.

На неспособната Арсовска и се гледа крајот на владеење со Скопје, а потоа следи и одговорност!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -