Voice Search на Google достапен и на iPhone и iPad

Деновиве Google ја претстави обновената Voice Search алатка за iPhone и iPad, речиси три месеци по најавувањето.

Алатката има и Google iOS апликација за пребарување која е достапна преку Apple App Store. Апдејтот е одговор на Google за Siri и мораше да мине низ процесот за одобрување апликации на Apple пред да биде достапен на нивните направи.

Како и со Siri, и на Voice Search можете да му поставувате прашања. Некогаш ќе ви покаже резултати од Google пребарување, а некогаш ќе ви одговори со глас кој звучи како сестрата на Siri.

Voice Search веднаш ги покажува резултатите и сликите кога ќе ги побарате, за разлика од Siri која прво прашува дали сакате да го пребара интернетот.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

[youtube]hEfZCeQdRXs[/youtube]

- Реклама -