Борисов: Договорите мора да се почитуваат, без нашата и поддршката од Грција РСМ нема шанси за ЕУ

Договорите, особено меѓународните и вклучени  во преговарачката рамка на ЕУ, треба да се почитуваат, изјави денеска лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов, коентирајќи ја изјавата македонскиот премиер Христјан Мицкоски дека доколку има политичка волја можно е решение со Бугарија и промена на преговарачката рамка со ЕУ.

Борисов вели дека и покрај добрите односи меѓу него и партнерите во ЕУ, договорите мора да се почитуваат.

– Какви било толкувања не се добри за колегите од Северна Македонија. Без нашата и поддршката на Грција, РСМ нема шанси за ЕУ. Сега треба да бидат одговорни. Како што ја добија нашата поддршка, сега веќе не можат да се потпрат на неа, смета Борисов.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

Тој нагласи дека ќе иницира средба со Мицкоски доколку формира влада и повторно стане бугарски премиер.

- Реклама -