Ковачевски не исклучува Заев да биде кандидат за претседател на државата

СДСМ има и државнички и државотворен капацитет. Партијата е отворена за секого и секогаш, без разлика кој на каква позиција се наоѓа во партијата или во државата. Јас од прв ден се држам до тоа, одговори вечерва во „Тема на денот“ во дневникот на Сител, премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски на новинарско прашање за враќањето на Зоран Заев во СДСМ односно за одржаниот координативен состанок на стратешкиот тим на партијата.

– Се работи за состанок на кој беа присутни партиски другари, рече Ковачевски, додавајќи дека СДСМ е обединета партија со оглед на тоа што луѓето делат исти вредности.

На прашањето дали Ковачевски му ја чува фотељата на Заев, како што се коментира во јавност, и дали Заев се враќа во политиката и дали можеби е претседателскиот кандидат на СДСМ, претседателот на СДСМ и премиер, Ковачевски беше дециден дека во СДСМ никој никому не чува фотеља, затоа што претседател на партијата се избира преку гласање од страна на сите членови.

Според Ковачевски, во СДСМ воопшто не е отворена дискусија за претседателски кандидат, со оглед на тоа што, како што рече, се уште е рано. Потсети дека во партијата има пропишана статутарна постапка на кој начин се одвива предлагањето, кандидирањето и утврдувањето на кандидат за претседател. За тоа, истакна, ќе има и разговори со коалиционите партнери.

– Апсолутно убеден сум дека победник на следните претседателски избори ќе биде кандидатот предложен од СДСМ и поддржан од проевропската коалиција, со оглед на тоа дека ние покажавме дека не калкулираме со важните одлуки во државата, не сме водени од дневна полтика, од личен интерес, туку СДСМ и коалиционите партнери, ги донесовме најтешките и најважните одлуки од првиот ден на самостојноста на нашата држава, потенцира Ковачевски, осврнувајќи се на Охридскиот и на Преспанскиот договор, членството во НАТО, заклучоците во Собраието за усвојување на преговарачката рамка…

Прашан дали тоа значи дека и Зоран Заев може да биде кандидат за претседател, Ковачевски потенцира дека може да биде секој што ги исполнува условите како член на СДСМ, односно може да биде предложен за претседателски кандидат, за пратеник, за градоначалник или за која било друга функција.

Клучната цел, истакна Ковачевски, е обединување на сите прогресивни сили со цел да бидат донесени потребните одлуки во државата во насока на зачленување на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година. Тој информира дека комплетно биле екипирани и комисиите на СДСМ, предводени од заменик претседателката Сања Лукаревска и веќе работат на подготовка на програмата за парламентарните избори.

Ковачевски кажа дека има исклучително добра соработка со Радмила Шеќеринска, во длеот на совети каде се покажала искусна во меѓунаордната политика, подготовката на програмите на партијата.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

– Редовни ќе бидат изборите во 2024 година, но сметаме дека подготовката на програмата треба да биде процес, во кој ќе бидат вклучени покрај партиските комисии и општинските организации, пред се и граѓаните, рече меѓу другото претседателот на СДСМ и премиер, Ковачевски.

Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски изјави дека не е дел од никакви преговори со Никола Груевски, ниту пак со било кого од ВМРО-ДПМНЕ, да ги прашате, рече, ќе ви потврдат.

За тоа колку се поврзани враќањето на Заев во СДСМ се случува во истиот момент кога се води отворена битка меѓу Мицкоски и Груевски, Ковачевски рече дека не смета оти овие настани се поврзани, затоа што, како што појасни, нивниот состанок бил закажан и најавен пред да се случат јавните дебати, како што рече, меѓу поранешниот и актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Уште еднаш рече дека не ги коментира случувањата во опозициската партија.

Прашан дали има добиено УСБ во кое биле напишани измените во Законот за Кривична постапка а доаѓа од Никола Груевски, тој тврди дека УСБ нема видено веројатно, рече, 10 години, бидејќи во моментот се користат други технологии и телекомуникациски средства за комуникација.

– Со Никола Груевски никогаш не сум имал комуникација. Груевски еднаш го имам видено на отворање на театарот. Бев претставник на компанијата во која во тоа време бев директор и бев определен да одам на отворањето што беше државен настан, така одлучи мојот претпоставен кој не беше од Македонија, но никогаш не сум имал никаква комуникација со бившиот претседател на Влада и на ВМРО-ДПМЕ, ниту сметам дека ќе имам комуникација со него, изјави Ковачевски.

Сепак, Ковачевски смета дека Мицкоски и Груевски немаат различни политички ставови, во однос на изолацијата на државата, на не носење на одлуки, во однос на не интерирањето во ЕУ, немаат никакви разлики во своите политички ставови.

– Погледнете го ставот на сегашниот претседател на ВМРО – ДПМНЕ, тој е против интеграцијата на државата во ЕУ и цело време наоѓа изговори, нема став, не покажува одлучност и најверојатно на нив им се отвора таа дебата во однос на тоа кој е малиот, а кој големиот Груевски во ВМРО – ДПМНЕ, без ралзика на тоа што по висина сегашниот претседател е неколку десетици сантиметри повисок, меѓутоа мислам дека во идеологијата големиот Груевски е оној што е понизок по раст. Но, тоа е дебата што тие треба да ја водат, истакна Ковачевски, додавајќи оти смета дека курсот што го имаат не се разликува од тоа што 11 години ја држеа државата во зиолација и во блокада.

Извор: МИА

- Реклама -